Со пригодна свеченост денеска ОУ “Св. Климент Охридски” од Делчево го одбележа патрониот празник. По тој повод пред споменикот на Патронот во дворот на училиштето се поклонија и свежо цвеќе положија делегација од Општина Делчево, од Советот на Општинатапретставници од локални институции, како и претставници од училиштето. Директорот на ООУ „Св. Климент Охридски“, Горан Димитровски истакна дека училиштето со гордост го носи името на Патронот и успешно ја продолжува просветителска дејност постигнувајќи завидни резултати и поттикнувајќи го знаењето како поле за натпревар меѓу учениците.