-1.3 C
New York
Friday, January 28, 2022

Buy now

spot_img

Замрзнатите цени можат да ги испразнат рафтовите со месо и масло. Месната индустрија бара итна средба со Владата

Месната индустрија бара итна средба со Владата на која ќе се разговара за последиците од одлуката за замрзнување на цените на дел од прехранбените производи. Според нив, ваквата мерка не можат  да ја издржат повеќе од два месеца

Во случај мерката да продолжи после овој рок нам единствено ни преостанува да го запреме производството и да ги затвориме фабриките. Во услови на три пати поскапа струја и покачени цени на транспорт нема да издржиме. На замрзнувањето на цените не им претходеа план и стратегија“, вели Влатко Ѓеорѓиевски , сопственикот на „МИК Свети Николе“

Преработувачите на месо и месни производи предлагаат ослободување на компаниите од царински давачки на суровините, но и изедначување на условите на производство со оние во земјите од ЕУ,  имајќи ја предвид зависноста од светските берзи.

Како пример, тие ја посочуваат Србија каде цените на одредени прехранбени производи исто така се замрзнаа, но се интервенираше со стокови резерви.

Реакции има и од производителите на масло, од каде предупредуваат на дополнителна нестабилност на пазарот.

Тоа значи дека следната набавка на суровини може да биде со многу повисоки цени. Ова посебно се однесува на суровото масло затоа што е берзански производ и неговата цена зависи од берзанските движења на цената“, велат производителите на масло.

Инаку, Владата ја донесе одлуката за замрзнување на цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, млекото, свежото месо и сувомеснатите производи, сирење и урда на предлог на Министерството за економија. Оваа одлука ќе важи до крајот на јануари 2022 година

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,144FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles