Кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во Штип го презентираше концептот Заедно, за продолжување на социјалдемократските политики и најави време за силни економските политики и мерки за уште посилен раст на животниот стандард.
“ Ја давам мојата поддршка на овој концепт кој го презентира Димитар и убеден сум дека сега повеќе од било кога е потребно оваа голема партија да биде единствена со цел справување со предзивиците, за раст и развој, за европски перспективи, за повисок стандард, за нови училишта и градинки за модерна инфраструктура и нови силни енергетски капацитети, за нови и повисоко платени работни места“, напиша на својот фб профил министерот за транспорт и врски Благој Бочварски по средбата.