Во тек се координативни состаноци со секретарите и координаторите на ССМ на регионално ниво за нивно вкулучување во организацијата на најавениот работнички протест .
„ Регионалните синдикални канцеларии на ССМ се задолжени да организираат бесплатен автобуски превоз за своите членови и граѓаните, кои што сакаат во недела да го поддржат протестот на Сојузот на синдикатите на Македонијакако и да ги координираат сите активности на локално ниво“, информираат од Синдикатот.
Сите работници, пензионери, студенти и сите граѓани, кои се заинтересирани да учествуваат на протестот, можат да се обратат во просториите на Регионалните синдикални канцеларии за да добијат повеќе информации и логистичка поддршка за нивно учество на протестот.