-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

Фотоволтаични полиња за 116 мил евра ќе се постават во Карбинци и Пехчево

Фотоволтаични полиња во вредност од 116 мил евра наскоро ќе се постават во Карбинци и Пехчево, донесе одлука Владата. Станува збор за инвестиции на компаниите Ринуабал –Скопје, која ќе гради во атарот на село Долни Балван кај Карбинци и Хекс Солар исто така од Скопје која фотоволтаици ќе поставува во Пахчево.

Инвестицијата во Карбинци е во висина од 63 милиони евра, а соларната електрана ќе биде со  јачина од 85 мегавати. Во полето кај Пехчево, пак, ќе се инвестираат 53 милиони евра, а јачината е 70 мегавати“, информираат од Владата.

Двете големи претстојни инвестиции за овие мали општини се значајни од многу причини.

Вчера, пак, беше промовирана изградбата на најголемиот соларен парк Стипион, кој ќе се гради помеѓу Штип и Свети Николе. Станува збор за инвестиција од 240 мил евра, со капацитет за производство на електрична енергија од 360-400 мегавати, доволни да ги  задоволат потребите за струја на 94.000 домаќинства..

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles