Се одигра вонредното коло во фудбалската Супер лига на Македонија. Во Тетово играа кадетите и младинците на „Брегалница“ со врсниците на „Ренова“.
Кадетските екипи играа нарешено 2-2, со головите на Оливер Тодоров и Марио Аџиев, додека младинците на „Брегалница“ славеа висока победа од 4-1. Стрелци на головите Јован Дојчинов два и по еден гол постигнаа Марио Митев и Благој Хаџи-Кимов.