34.6 C
New York
Tuesday, August 9, 2022

Buy now

spot_img

Изградбата стои но парите одат. Најмалку 15 луѓе добивале огромни хонорари за изградбата на КБ – Штип

Најмалку 15 видни луѓе добивале високи месечни хонорари за изградбата на  штипската Клиничка болница. Во изминатите речиси пет години откако болницата започна да се гради, на нивните сметки стигнувале огромни хонорари.  Од 30.000  па се до 150 000 денари, изнесува во својата анализа БИРН.

Списокот на лицата кои овие пари ги добивале  содржи за јавноста анонимни , но и познати имиња, а заедничка дефиниција на сите  во случајот им се пари.

Така, државниот советник на министерот за здравство Венко Филипче  кој е и раководител на проектната единица  на почетокот добвал по 150 000 денари месечен хонорар но подоцна, сумата била редуцирани на 90 000  денари. На истиот список се наоѓа и пратеникот  од ВМРО Народна Љупчо Балковски   чиј годишен хокора на име штипската болница изнесувал 19 000 евра.

Од мај годинава,по истиот основ бил ангажиран и бишиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски кој од главната  сметка  на Минситертсвото за здравство добивал по 60 000 денари. Освен  споменатите досега, на листата  е и советничка на министерот Филипче и многу други. Дали овие големи суми исплаќани со години  се законски?

За овие хонирари  бев повикан во Обвинителството во предистражна постпака во Државнтата комисија за спречување криминал и никој не најде ништо спорно, бидејќи работодавачот може  со определено лице да склучи договор поради  вршење работи што се надвор од дејноста на работодавачот“, објасни Филипче.

Во меѓувреме, на 5 ноември Банката за развој на Советот на Европа  го извести министертот Венко Филипче дека  преостанатиот заем од 13, 4 милиони евра ќе биде  откажан, бидејќи целите на проектот не се исполнети. Болницата требаше да биде завршена до 31 декември оваа  година,  а крајот  не се гледа ниту од далеку.

Од овие причини,  иако се законски, овие хонорари звучат алчно и  крајно безобразно, бидејќи да се користат законски недоречености   во никој случај не е ниту  етично ниту морално.  Особено, што изградбата на болницата стои во место.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,432FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles