-3.2 C
New York
Sunday, January 16, 2022

Buy now

spot_img

Почна откупот на тутун во Карбинско. Тутунарите очекуваат респект и фер однос

Качена на рамо, малата кутиј полна со тутун,  но и со  целогодишната тутунарска мака, денес пристигна на проценка во откупниот пункт во Карбинци, означувајќи го стартот на овогодинешнава откупна сезона.

Почетокот на откупот е почеток на голема тутунарска неизвесност, но и надеж дека овој пат, кантарот ќе мери како што треба, а откупувачите ќе понудат почит и фер однос и цена, најмалку по 200 ден/кг.

Годинава , количините се помали, но квалитетот, многу подобар од ланскиот.

Од оваа година, тутунот се проценува во три класи, а цените се движат од 150 до 280 денари. Кој колку пари ќе добие, ќе зависи од окото на проценителот и одредената класа.

Токму ова, со години наназад е најголемиот тутунарски проблем и причина што  во последните 10 години е преполовен бројот на производителите на тутун, од некогашните 42.000 на 20.000.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,116FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles