По големите народни протетсти, српската Влада на синоќешната седница донесе одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, кој претседателот Александар Вучиќ го врати на повторно одлучување во Собранието, се вели во соопштението од Владата. Владата ќе анализира дали и во колкава мера се неопходни измените на Законот за експропријација и само доколку се утврди дека треба да се менува законот, тоа ќе го направи со широка јавна расправа во која ќе се вклучи стручната јавност, професионалните здруженија, бизнис секторот и граѓанското општество, стои во соопштението.