Блокада на собраниската зграда најави првиот човек на ССМ Дарко Димевски доколку пратениците под итно не ги реализираат нивните барања и не ги изгласаат законите кои се во насока на покачување на минималната плата и прогласување недела за неработен ден.
Синдикалистите веќе неколку месеци очекуваат изгласување на овие закони, а во недела истите ќе ги бараат и преку генерален протест во Скопје.
За првпат, зад протестот на работниците застанува и дел од бизнис фелата. Инаку, Синдикатот има четири клучни барања:
1. Усвојување на измените и дополнувањата на Законот за недела неработен ден .
2. Измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 % од просечната, односно да се зголеми на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое останатите плати ќе го следат растот на минималната.
3. Потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор.
4. Потпишување на Општ колективен договор за приватниот сектор.