Утре Штип ќе биде домаќин, на Меѓународниот турнир „Трофеј штипски боречки асови“. На турнирот, освен македонските, ќе настапат клубови и од Србија, Грција, Косово и Бугарија.Турнирот се оддржува во спомен и почит кон прерано починатите борачи на Балканец. Овој клуб е и технички организатор . Борбите ќе се оддржат во спортската сала „Јордан Мијалков“со почеток во 11.00 часот, а церемонијалот на отварање е предвиден за 14.00 часот.