На сите граѓани над 60 години во Грција кои не примиле трета доза вакцина против Ковид-19 ќе им биде забранет влезот во затворени простории, почнувајќи од понеделник. Ова се однесува на лицата кои пред седум месеци ја примиле втората доза. Според новите мерки, од февруари се намалува и важноста на потврдата за прележан Ковид-19 од шест на три месеци.