Во тек се градежните активности на улиците “Кирил и Методиј” и “Никола Карев” во Виница. Овие две улици кои беа во лоша состојба ќе добијат нов слој асфалт. Станува збор за реконструкција во вкупна должина 430 метри, за која се одвоени 2,8 милиони денари од буџетот на Општината.