24.7 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Советниците од ВМРО и денес сами држае седница во Штип. СДСМ ќе го чека извештајот од контролниот инспекциски надзор

Советниците од советничката група на ВМРО ДПМНЕ и денес сами држеа седница во штипскиот совет, откако нивните колеги од советничката група на СДСМ и овој пат ја напуштија собраниската сала.

Причина е се уште недобиените заклучоци од вонредниот инспекциски надзор извршен во петокот во Штип, кој треба да покаже дали , претходно констатираните недостатоци во врска со конститутивната седница и свечените изјави се отстранети или не. За советниците од ВМРО ДПМНЕ , напуштањето на седницата од страна на опозицијата е неоправдано.

Сепак, од СДСМ се повикаа на извештајот од контролниот надзор, за кој претседателката на Советот информираше дека се уште не е пристигнат во Општината.

Недоразбирањата во општинскиот совет настанаа, откако советниците добија свечени изјави без придавката Северна, по што, следуваше  инспекциски надзор  и без дадени насоки, а потоа се спроведе и контролен надзор чии заклучоци се уште се очекуваат.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,442FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles