Еколошкото востание заедно со повеќе од 40 иницијативи, движења и активисти одлучија да продолжат со протестите и ги повикаа граѓаните да излезат на протести и блокади што утре ќе се организираат низ Србија . Повлекувањето на предаторските закони е добар знак, но тоа е далеку од победа. Сите тајни договори и меморандуми со рудникот за литиум Рио Тинто, потпишани или од поранешната или од сегашната власт, мора да бидат достапни на граѓаните и под итно да се поништат, се вели во соопштението.