-1 C
New York
Friday, January 28, 2022

Buy now

spot_img

130 медицински сестри се во ризик до Нова година да останат без работа

130 патронажни медицинси сестри во државата се во ризик да ги изгубат работните  места  до Нова Година. Тие две години работат со договор што истекува на крајот на месецот, за  што до министерот за здравство  Венко Филипче,  доставија допис со кој бараат да им се издадат решенија за работа.

Бевме примени на проект во 2019 година од Министерството  на шест месеци со фиксна плата од  20.000 денари и  без придонеси. Потоа започна пандемијата и ни го продолжија договорот за дополнителни шест месеци, па уште двапати по 6 месеци за сега договрите да ни истекуваат  на 31 декември. Вратата  на неизвесноста сега  ни е ширум отворена, а бевме први во сите фази на пандемската криза“, стои до Дописот.

Од Министерството за здравство најавија средба со претставници на патронажните сестри и изнаоѓање начини за надминување на ситуацијата, но конкретни решенија не посочија.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,145FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles