Бугарскиот претседател, Румен Радев, му го врачи мандатот за формирање на нова бугарска Влада на Кирил Петков, копретседател на победничката партија на изборите од 14 ноември „Промените продолжуваат“. Нулта толеранција за корупција ќе биде мотото на нашата влада. Ќе формираме и собраниска комисија, изјави Петков, пренесува БГНЕС. Нема да се потроши ниту еден лев на погрешен начин. Ако некој може да си дозволи такво нешто, ќе се обидеме да го фатиме. Ќе бараме одговорност за секој чекор настрана, рече кандидатот за премиер.