Голем протест во организација на Сојузот на синдикатите на Македоинја е закажан за утре во Скопје во симболичните 12:12 часот, бидејќи ќе се одржи на 12 декември.
Генералниот протест доаѓа по некоклу предупредувања од Синдикатот до Владата за решавање на повеќе проблеми, но клучни се Измените и дополнувањата на Законот за минимална плата и Неработната недела.
„Овој протест работниците мора да го спроведат за да го добијат своето, а политчарите исто така мора да го добијат своето за да знаат со кого имаат работа“, изјавија денес од Синидкатот.