30.1 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

Власта уништува плодно земјиште и ја загрозува егзистенцијата на земјоделците во Овчеполието, смета Левица

Власта уништува плодно земјиште и ја загрозува егзистенцијата на земјоделците во Овчеполието преку странска енергетска инвестиција, регираат преку соопштение од паријата Левица. Според нив, соларен парк кој треба да се гради  на местото на енсудениот карго аеродромот е на почва со квалитет од прва и втора класа, што се смета за една од најплодните:

Со оваа инвестиција директно се уништува најплодниот дел од котлината, каде се одгледуваат житни култури кои служат како за исхрана на населението, така и за стоката, загрозувајќи ја егзистенцијата на сите оние семејства кои заработуваат од ова поле.  Освен семејствата, кои директно егзистираат од обработка на ова земјиште, загрозени се и останатите земјоделци, затоа што на планираната територија за инвестиција поминува целиот водоводен систем, кој ги снабдува полињата со вода во повеќе села од околина“, стои во соопштението.

Според Левица, овој соларен парк може да го наруши комплетниот био систем  во овој крај:

Левица повикува оваа инвестиција да се направи при консултација со засегнатите страни и месните самоуправи и истата да биде реазлизирана исклучително како државен проект. Бараме локацијата на оваа инвестиција да биде променета, затоа што на само два километри од истата оваа локација постои земјиште кое не е под наводнување и е од трета и четврта класа, а во радиус од десетина километри се наоѓа земјиште кое воопшто не е плодно, со што девастацијата на плодното земјиште може целосно да биде отстранета“, стои во соопштението.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,443FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles