14.7 C
New York
Thursday, September 21, 2023

Buy now

spot_img

Воздухот во Кочани вчера беше енормно загаден. Инспекција денес утврдува виновници

Воздухот во Кочани вчера беше како во него да работи најтешка индустрија , откако мерењата покажаа високоризични и досега неизмерени над 400 ПМ 10 честики.

Бидејќи таков голем загадувач во Кочани не постои, јасно беше дека станува збор за вонредна еколошка состојба, а изворот беше лоциран во населбата Трајаново Трло.

Најголема причина за енормното загадување во Кочани, беа запалените гуми и пластика , кои синоќа состојбата со воздухот ја направија алармантна , поради што денес на терен излезе и инспекцијата.

Од општината денес најавија вонредно расчистување и на дивата депонија овде и поставување контејнери, но без соработка со тамошното население, решение за проблемот со загадувањето на Трајаново Трло , тешк дека ќе се најде.

За во иднина, загадувачите на воздухот точно да се лоцираат, еколошките здруженија бараат поставување на повеќе мерни станици во Кочани.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,868FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles