За првпат асфалт добија трите крака од улицата „Голем рид“ во населбата Стрелиште во Делчево. Трите крака се со вкупна должина од околу 250 м, а инвестицијата за изградба на оваа улица е на Општина Делчево и во рамките на пакетот инфраструктурни проекти за изградба на улици во Делчево и селските средини во износ од 9 милиони денари.