Од Центарот за развој на Источно-планскиот регион, Општина Делчево доби 13,9 милиони денари за проектот „Градски пазар II фаза“ со што се заокружува финансиската конструкција за негово целосно завршување. Согласно потпишаниот Договор, обврската на Општина Делчево за доизградба на градскиот пазар е 4,8 милиони денари. Вкупната вредност на проектот е 35 милиони денари, од нив во првата фаза, 7 милиони денари беа обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој. радскиот пазар е со површина на градежна парцела 11.599 м2 и површина за градење 6.944 м2 и содржи продажен простор за земјоделски производи, но и други стоки.