17.2 C
New York
Monday, May 29, 2023

Buy now

spot_img

СДСМ вечерва бира нови партиски кадри и нови министри а по долги години скопското крило повторно е силно

По долги години   на игнорирање, скопското партиско крило на  СДСМ повторно е  актулено, силно и  најмоќно. Сите информации  водат до речиси идентични имиња  кои пак  заклучокот од вечерашаната седница на  Централниот одбор   го прават речиси извесен.

Очекувањата  и шпекулациите во вакви прилики се  различни но јасно е деке новот лидер Димитар Ковачевски одлучил да игра на сигутно и со  список од проверени играчи. Лица кои во партијата  долг период беа нешто, но и лица кои од партијата    исчезнаа без  и да им се знае адресата.

Така,  на три од четирите потпретседателски позиции ќе дојдат нови лица, а нови кадри ќе има на две од трите секретарски позиции. Се очекува во Извршниот одбор да има 50% нови лица, а меѓу предлозите се слушаат имиња на универзитетски професори, архитекти, поранешни партиски функционери, но и млади кадри.

Сања Лукаревска останува заменик претседател на партијата со оглед дека таа има конгресен мандат а  од досегашните четири партиски потпретседатели  (Царовска,  Филипче, Спасовски и Битиќи) на истата позиција ќе остане само Фатмир Битиќи.

За сигурен  нов потпретседател се смета   актуелната пратеничка Бисера Костадинова Стојчева но и  градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, како и поранешниот градоначалник на Карпош, Стефан Богоев.

Во  СДСМ   тврдат  дека без „нема дилеми“  нов Генерален секретар на партијата ќе биде Миле Зечевиќ, функција која досега ја извршуваше блискиот соработник на  Заев,  Љупчо Николовски.

Новина во СДСМ е новото тело – Совет за креирање и имплементација на политики, на чие чело  р  планирано да застане поранешниот висок функционер на партијата и универзитетски професор, Игор Ивановски. Разговори за враќање во раководните структури на СДСМ имало и со Андреј Петров, поранешен Генерален секретар на партијата, пратеник и градоначалник на Општина Карпош, но не е познато за каква позиција станува збор.

Иако   доминацијата на  скопските кадри овој пат  е   неизбежна,  јасно е дека високо позицинирани партиски кадри ке има и од другите градови но прашање е дали  тоа ке биде сам формалнист или   ковиот лидер Ковачевски ваква рамнотежа веке планирал. В секој случај,   Сите непознаници  ке исчезнат вечерва  а нештата ке станат јасни, барем според кадровските прашања.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,787FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles