Од јануари до ноември , од т.н. Солидарен пенсиоренски фонд исплатени се вкупно 7,5 милиони евра. Само во ноември бројот на починати пензионери за кои се исплатени средства изнесува 1 460, додека за 11 месеци од Солидарниот фонд се исплатени средства за 15 367 починати пензионери.
Намената на Солидарниот фонд е да се обезбеди посмртна помош на корисниците на пензија. Висината на задршката за солидарен фонд посмртна помош, изнесува 130,00 денари за период од 1 јануари до 31 октомври 2021 година, заради зголемен број на починати корисници на пензија.