3.000 м квадратни се со спорна документација, а 500.000 евра инвестирани во зградата на новиот пензионерски дом во Штип веќе 7 години се во неизвесност.
Зградата која требаше да биде решение за 120 пензионери за овој период остана нерешлив проблем за двајца градоначалници и два закони за легализација
Озаконувањето на овој објект е важно прашање и за Општина Штип, бидејќи почетокот на градежните работи и подготвувањето на документацијата започнаа одовде.
По 7 години крајна неизвесност сега прилика за легализација има, но инвеститорот, Здружението на пензионери има пари само за легализација.
Сепак освен за легализација пари се потребни и за доизградба на објектот кој во моментов е во основна градежна форма односно карабина. Според проценка на инвеститорите за ставање во функција на објектот потребни се уште најмалку 1 милион евра.