Регулаторна бара начин како да ја зголеми цената на струјата . Главната дилема е баланс помеѓу барањата на операторите , берзантската цена на струјата и можностите на граѓаните за плаќање.
„ Станува збор за исклучителенo комплексен процес и во време на енергетска криза сите страни мора да се солидаризираат“, информираат од Регулаторна.
Регулаторната комисија за енергетика се уште ги анализира пристигнатите барања за корекција на цената од МЕПСО, ЕСМ и ЕВН. Сите три компании побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемени трошоци во работењето.
Само МЕПСО и ЕСМ, побарале за 40 % повисоки сметки за граѓаните, што е далеку повеќе од процентот кој го најавуваа од Владата , а кој според неа не треба да е поголем од 10.
Од Регулаторна повеќе детали околу можниот процент на покачување на струјата не соопштуваат, освен дека одлуката ќе ја донесат до петок.
Инаку, регулаторите можат да влијаат само на 37,2 отсто од крајната цена.