Работно време до полноќ за угостителските објекти и ноќните клубови, работа од дома до 50 отсто за јавниот и приватниот сектор, спортски натпревари со само десет отсто исполнетост на стадионите, се новите мерки што ги соопшти министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, а ќе стапат во сила следниот понеделник, на 3 јануари 2022 година. Плеврис објасни дека планирано е мерките да важат до 16 јануари, но ја остави отворена можност, доколку е потребно да се продолжат.