Општина Свети Николе потпиша два нови договори. Првиот е за отпочнување на изградбата на детската градинка во с. Ерџелија за време од 14 месеци, додека вториот е за изградба на пат од с. Кнежје до с.Ѓуземелци , како и набавка на ново противпожарно возило за потребите на ТППЕ Свети Николе кои ќе се реализираат во 2022 год.