Детско катче во штипската детска градинка „Астибо“ чиј донатор ќе биде амбасадата на Република Бугарија во Македонија, како и имплементација на веќе започнати проекти од заеднички интерес е дел од договореното помеѓу штипслиот градоначалник Иван Јорданов со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов.
Согласноста за градење на економски и други мостови на соработка ја потврди и амбасадорот Ангелов.
Денеска, градоначалникот Јорданов со амбасадорот Ангелов, поделија новогодишни пакетчиња на дечињата во детската градинка Астибо. Новогодишни подароци добија и штитениците од државното средно училиште Искра.