Претседателот на Словенија, Борут Пахор изјави дека нема планови поврзани со политиката и дека е задоволен од постигнатото за десет години како претседател.
„Многу ми е важно да си ја работам работата до последниот ден од следната година, за да го напуштам ова место задоволен“, рече тој во традиционалното предновогодишно интервју за Словенечката телевизија.
„Тогаш, по десет години, ќе можам да кажам: она за што се натпреварував за оваа позиција, повеќе или помалку го постигнав, а сега можам да заминам со чиста совест“, рече Пахор.