За земјоделието 2021 ќе се памети како година со највисоки исплати, тврди заменик министерот Трајан Димковски. Вкупно 203,5 милиони евра, инвестирани се директно во земјоделскиот сектор, по разни основи.
Реализацијата на буџетот на Платежната агенција е 99 %, а само преку ИПАРД 2 склучивме 507 договори со вкупна побарана сума од 16 милиони евра.
Во делот на активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство, годинава спроведени се 43.900 контроли, изречени се 6.290 мерки.
На денешната прес конференција, сите институции од земјоделскиот сектор најавија дека и во 2022 година, ќе продолжат со реализација на мерките и политиките за континуиран развој.