По безмалку два месеци конфротирање околу свечеените изјави со префиксот Северна и без неа, членовите на советничкката група на СДСМ на денешната петта седница на општинскиот Совет ги потпиша советничките решенија.
На потписот им претходеше упастство и решение на Вишиот инспекторат за локална самоуправа.
Во меѓувреме на почетокот на денешната седница, советникот од Левица Сенада Ибраимова не отстапи од намерата да не го потпише советничкото решение толкувајќи го членот пет од Законот за државниот инспекторат за локална самоуправа со кој инсопекторатот е надлежен да врши надзор на законитоста на прописите на локалната самоуправа.
Доколку некој од советниците не потпише изјава, по известување од Советот во рок од три дена ОИК – Штип треба да констатира престанок на мандатот на советникот и истиот ќе биде заменет со следниот од советничката листа.