Резервации за оваа зимска сезозна има, но не се како пред Ковид пандемијата. Од туристичкиот сектор велат дека, годинава интересот на македонските граѓани да патуваат за новогодишните празници најголем е за Истанбул и за Белград, затоа што државите од Европа, поради новиот сој омикрон воведоа нови ограничувања и услови за влез.
За разлика од лани, кога поради пандемијата границите беа затворени, годинава какво-такво раздвижување има.
Најавите за ставање на пандемијата под контрола во текот на 2022 година е надеж дека туризмот ќе се врати во нормала.