93% од странските компании со технолошко напредно производство во државата имаат потреба од нови финансиски мерки и помош за ублажување на последиците од пандеијата, стои во вчера објавената анкета од нивната Асоцијација.
„ Анкетираните компании за подобрување на состојбата предложиле поголема помош за инвестиции во нематеријални средства , поголема флексибилност во толкувањето и применувањето на договорите и правилата и унапредување на ефикасноста и знаењето на вработените во институциите слично, појасни претседателот на Асоцијацијата Виктор Мизо.
Ако помош им е потребна на 93% од силните европски и американски компании, тогаш станува ли збор дали таа им е потребна на нашите кои едвај се провлекуваат под бодликавата жица на последиците од пандемијата.
Поради ова, завчера нова помош побараа занаетчиите, денес крик за помош повторно испуштија угостителите, а компаниите кои лани примија помош се во бунило.
„Мојата компанија доби решение за враќање на примените субвенции за три месеци наеднаш и тоа веднаш. Како ќе ги вратам парите не знам, бидејќи едвај сега застануваме на една нога“, вели штипски бизнисмен.
Од организацијата на работодавали исто така сметаат дека не сите фирми се уште се подготвени субвенциите да ги вратат парите на државата.
Освен враќање на субвенциите, Синдикатот притисна за поголем минималец , цената на струјата и гасот за бизнисот отиде тројно погоре, а треба да се исплати и К 15. Дали бизнист сето ова може да го преживее?