Пехчево е единствената корона слободна територија во државата, без ниту еден активен случај на инфекција со Ковед 19, покажува денешниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Во останатите општини од регионот , бројот на активни случаи исто така е намален и изнесува 241. Од кои најмногу 85 во Штип и 53 во Кочани.
Денес се регистрирани 12 нови случаи и тоа 6 во Штип и по три во Кочани и Делчево. 16 лица, пак, се водат како оздравени, додека едно на возраст од 74 години од Штип, почина.
Намалениот број на активни случаи, придонесе за намалување на бројот на пациенти во Клиничката болница во Штип:
„ На Инфективното одделение има 20 пациенти. Од нив 12 се на кислородна поддршка“, информираат од Болницата.
Во Кочанската болница, нема ниту еден пациент поради што тамошното ковид одделение е затворено.