-1.3 C
New York
Saturday, January 22, 2022

Buy now

spot_img

Новогодишни пакетчиња за децата и пакети за социјално ранливите граѓани од САСА

Рудникот САСА, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, и оваа година обезбеди новогодишни подароци на сите деца во градинките и основните училишта во Македонска Каменица и населбата Саса. Дополнително, вкупно 132 социјално ранливи лица и семејства добија пакети со храна и средства за хигиена за да им помогнат во текот на празничниот период.

Во знак на благодарност САСА обезбеди новогодишни подароци и за екипите на итната медицинска помош, противпожарната бригада и полицијата во Македонска Каменица, како и на вработените во рудникот кои за новогодишната ноќ ќе бидат на работа. Дополнително, сите вработени во САСА, покрај редовната плата, се наградени со новогодишен додаток на плата и пригодни подароци.

Со оваа традиција сакаме да овозможиме сите членови на нашата заедница и секако најмладите да ја почувствуваат радоста на претстојните празници. Воедно, сакаме на сите наши сограѓани да им ги честитаме претстојните празници и да им посакаме добро здравје, среќа и многу успех во годината што доаѓа. Како и секогаш, голема благодарност мора да упатиме до нашите посветени вработени кои се клучни во обезбедувањето успех за САСА и за сите нас“, изјави во оваа прилика директорот за одржливост во Рудник САСА, Ивица Талевски.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,134FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles