-1 C
New York
Friday, January 28, 2022

Buy now

spot_img

Од 1 јануари буџетската администрација има право на 30% поголема плата

Од сабота, први јануари  на  административците финансирани од буџетот може да им се зголемат платите за дополнителни 30 отсто преку додаток, дозволува Уредбата на Владата од 24 декември. 

Иако институциите кои можат да одобрат зголемување на платите не се  децидно споменати,  јасно е дека станува збор  за  Министерство за одбрана, МВР, Правда,  МНР, Финансии, Економија, Земјоделство, Здравство, МОН, Труд и социјала, Локална самоуправа, Култура и уште неколку други.

Буџетските корисници во кои се утврдува правото на додаток на плата се сите буџетски корисници на централната власт, кои во својот буџет, во делот наменет за плати, имаат обезбедено средства за оваа намена, односно месечното барање за исплата на плата не е поголемо од месечното право на трошење, утврдено без планираните средства за нови вработувања.

Максималниот износ на додатокот на плата е 30 одсто или по две основи од 15 одсто. Предлогот го дава раководното лице а тоа одлучува и за кој временски период ќе важи додатокот.

Ова  беше и повод за реакцја на  од  срана на УПОЗ бидејки одтаму не се  сигурни дека ќе има вистински критериуми за избор на тие кои имале зголемен обем на работа. Од синдикатот рекоа дека ова може да  заврши со необјективен избор на подобни кои ќе добијат зголемување на платата, затоа што кој ќе добие додаток на плата, ќе одреди првиот човек на министерството или институцијата.

Праксата покажа дека во време на ковид 19 и кризни ситуации како тековната со пожарите, во институциите се издвојуваат поединци кои не се и нема да бидат повеќе од 30 отсто од вкупниот број вработени а одлука  кој да добие покачување е на одгворните лица што може да биде крајно субјективно“, објаснуваат од Синдикатот.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,145FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles