-1 C
New York
Friday, January 28, 2022

Buy now

spot_img

Повисоки цени за 9,48 % и укинување на евтината дневна тарифа

Цената на електричната енергија од 1 јануари ќе биде повисока за 9,48 проценти. Истата се однесува за домаќинствата и за 15.000 мали потрошувачи-фирми кои струјата не ја купуваат на слободниот пазар, туку ја набавуваат од „ЕВН хоум“ по регулирана цена. Дополнително, се укина и дневната евтина струја, додека  остана ноќна евтина тарифа и евтина струја во недела.

Според првиот регулатор Марко Бислимовски, денешната одлука биле една од најтешките со кои Комисијата се соочила во последните неколку години.

Реалното покачување на струјата требало да биде 25 %, но направен е компромис со компаниите, побарано е откажување од профирот, а дополнително и државата има пакет за поддршка, по што е дојдено до процентот од 9,48.

Сепак, речиси 10 процентното зголемување и укинување на дневната ефтина тарифа, рамнодушни не ги остава граѓаните.

Инаку, поради покачувањето на цената на струјата, најавена е државна помош во вид на субвенции за ранливите категории на граѓани.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,145FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles