Лидерот на движењето Има таков народ, Слави Трифонов преку Фејсбук статус побара на Бугарија да и се укинат визите за САД и земјата да влезе во Шенген зоната, за да го тргне ветото за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Бидејќи Американците толку многу сакаат Северна Македонија да е во Европската Унија, на граѓаните на Бугарија, како и на граѓаните на повеќето земји во Европската Унија, да не им требаат визи за да одат во Америка…“, бара Трифонов.