Традицијата годинава во Штип е заменета со скандал. Денес на градоначалникот Иван Јорданов не му беше дозволен влез во Акушерското одделение за да ги посети првороденото дете и родилката.
Од друга страна, објаснување за сегашниот преседан во вакви симболично – свечени моменти од страна на Болницата немаше. Директорот Ален Георгијев кои денес бил службено отсутен, во телефонски разговор за ТВ образложение за целата ситуација, најави за утре.
Случајот кој засега е единствен во децениската традиција низ целата држава сепак нема да ја прекине традицијата, бидејќи градоначалникот подароците за детето и мајка ќе ги достави дополнително.
Инаку, во вакви случаи градоначалникот на Акушерското одделение се појавува со пригодни зборови, штедна книшка и подароци за мајката и персоналот на Одделението.