Изолацијата за асимптоматските случаи на ковид-19 наскоро ќе се намали од 10 на 7 дена, информира „Слободен печат“ повикувајќи се на свои извори во Комисијата за заштита на населението од заразни болести, како и од Министерството за здравство.
Деновиве ќе биде свикан состанок на Комисијата со дневен ред намалување на времетраењето на изолацијата. Неофицијално, на два претходни состаноци е постигната согласност за намалување на времето на изолацијата за асимптоматските случаи, меѓутоа, не од 10 на 5 туку од 10 на 7 дена. Според сегашните протоколи за изолација, оние кои се позитивни на коронавирусот, а се асимптоматски, во изолација остануваат 10 дена, додека позитивните со симптоми 20 дена.