Кочанчанецот Ј.М. со ловечка пушка убил куче, и завршил зад решетки. Инцидентот се случил во дворот од неговата викенд куќа на место викано „Копачите“, атар на Кочани. По пријавата од соседи, полицајци од кочанската полицисдка станица го лишиле од слобода 64 годишниот Ј.М. Ловечката пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм била одземена, а увид извршила екипа од ОВР Кочани во присуство на ветеринарен лекар. По документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.