-3.7 C
New York
Sunday, January 23, 2022

Buy now

spot_img

ЛС вчера направи непотребна претстава во Клиничката болница , тврди директорот Георгијев

Класична политичко – театарска претстава вчера понуди ЛС Штип пред вратата на Акушерското одделение, изјави денес директорот на КБ – Штип Ален Георгијев.

Според Георгијев, контакт и комуникација помеѓу службите на Општината и вработени во болницата немало. Единствен контакт бил оној кога тој ги известил  општинските служби за првороденото и известил за протоколите.

Од друга страна, од ЛС се категорични дека имало комуникација и договор за посета:

„Општина Штип како и секоја претходна година имаше намера да го посети првото новородено дете, при што Градоначалникот требаше да додели традиционални подароци за мајката и за бебето. Нема да навлегуваме во причините поради кои е прекината оваа долгогодишна традиција од страна на раководството на Клиничка болница-Штип, меѓутоа ова е преседан кој до сега се нема случено ниту на ниво на Штип, ниту во Македонија“, стои во реакцијата од општина Штип.

Денешната прес конференција на Георгијев доаѓа откако вчера на градоначалникот Иван Јорданов не му беше дозволен влез на Акушерското одделение за да го посети првороденото новороденче и мајката и да ги врачи традиционалните подароци.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,134FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles