За само пет дена, 80- годишна штипјанка, претпре два големи шока откако кучиња , на исто место двапати ја нападнаа нанесувајќи и сериозни телесни и психички повреди. Двата напада се случиле во близина на СВР Штип, каде штипјанката живее.
Повредите на ногата се санирани по втор пат, но возрасната штипјанка веќе не смее да излезе од дома, ниту има мирен сон и живот.
И двата напада, со оглед на последиците се пријавени во полиција , а во Клиничлката болница во Штип и се издадени соодветни потврди за повредите. По ова, 80- годишната штипјанка случаите ги пријавила и во општина Штип која е надлежна за решавање на проблемот со кучињата скитници.
Од Општиа Штип во врска со проблемот со кучињата скитници , денес излегоа со следново соопштение:
„ Поради неисполнување на критериумите и немање на елементарни услови за згрижување на животни, од страна на инспекциски служби стационарот во штип е затворен. Во постапка е распишување на тендер за склучување на договор со оператор за заловување и третман на кучињата скитници кои ќе поседува сопствен стационар, каде кучињата би можеле да бидат третирани“, велат од Општината.
Како и да е, по овие напади, ЛС Штип веројатно ќе се соочи и со граѓанска тужба за претрпена физичка и психичка болка, што значи дека проблемот со кучињата скитници треба ургентно да се решава.