Сообраќајна несреќа го блокираше сообраќајот на автопатот Штип – Миладиновци. Колони со возила, со часови беа заглавени на автопатот.
„ Поради сообраќајна незгода кај Коњари, сообраќајот на патниот правец Миладиновци – Штип е во прекин за сите видови на возила“, информираат од АМСМ.
Најверојатна прилина за несречата е снегот на коловозот, зашто возачи кои впо раните попладневни часови се затекнаа на овој автопат, реагирата на неисчистениот автопат и лошите услови за возење:
„ Ако ептен мора да тргате накај Скопје ставајте ланци, оти ќе заглавете. Овој хорор досега не сум го видела. Сообраќајки на секој чекор. Ако не мора, не трчајте на пат“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Идентични проблеми има и на автопатот Велес – Скопје. Снегот почна да врне во текот на денот и за кратко време направи покривка од неколку сентиметри која беше доволна за проблеми на патиштата.
За разлика од патиштата кон Скопје, во источниот дел на државата, засега сериозни проблеми и застои нема. Врнежи од снег се најавуваат и за утрешниот ден.