Пациенти со симптоми на ковид ги наполнија амбулантите во Штип, а дневно се прават околу 40 нови тестови. Помеѓу позитивните, од вкупно 176 активни случаи, над 70 % се на возраст од 20 до 35 години.
„ Согласно анкетите, вирусот се раширил за време на новогодишните празници, кога младите се групирале во затворен простор“, информираат од Центарот за јавно здравје во Штип.
Во штипскиот Ковид центар хоспитализирани се 25 пациенти, а во изминатите 24 часа имале пет нови приеми. На кислородна поддршка се вкупно 17 пациенти, а во дневната амбуланта имале 40 прегледи. На инфективното одделение има 25 слободни болнички кревети.
Во текот на денешниот ден, се откриени нови 813 случаи на Ковид 19, од кои 34 се во општините од источниот регион.
11 во Штип, 6 во Кочани. 5 во Виница, по 4 во Делчево и пехчево, 3 во берово и 1 во Свети Николе. Вкуно во регионот има 407 акривни случаи.