Се организира акција за собирање на отпадот и шутот во водите на Калиманско Езеро. Во истата ќе учествуваат планинарски, спортски и риболовни друштва. Акцијата започнува на 15.јануари, а ќе трае се до конечно и целосно чистење на езерото од отпадот. Најголема причина за значителното контаминирање на водите на Калиманско Езеро со пластика, кеси и шут, е енормното покачување на нивото на река Брегалница, која после обилните дождови беше пред излевање и со себе го донесе и претходно одложениот отпад во самото речно корито.