Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за финансиска подршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година. Право на помош имаат лица чии редовни месечни примања во домаќинството не го надминуваат нето приходот од 30.000 денари и тоа за:
– самец до 15.194 денари;
– домаќинство со два члена до 18.000 денари;
– домаќинство со три члена до 21.000 денари
– домаќинство со четири члена до 25.000 денари; и
– домаќинство со пет члена и повеќе до 30.000 денари.
Според јавниот оглас објавен на веб- страната на Министерството за економија, лицата со ниски примања се стекнуваат со финансиска поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија во износ од 600 до 800 денари месечно, сметано од денот на поднесување на барањето.