27.9 C
New York
Friday, August 19, 2022

Buy now

spot_img

СДСМ – Карбинци: Паунов манипулира

По вчерашниот прес на градоначалникот на Карбинци Виктор Паунов на кој тој обвини дека претходното раководство од 96 рати за заостанат долг кон ЕСМ, платило само три, денес реакција испратила од локалниот огранок на СДСМ. Во реакцијата се вели:

,, Неспособната власт во карбинци грубо манипулира и лаже. ЈП Плачовица во 2018 година имаше блокирана сметка и долгови околу 15,5 милиони денари за струја кон ЕВН, ЕЛЕМ, 3 милиони денари кон вработените за плати и придонеси, 2,5 милиони денари кон други добавувачи или вкупно 21 милион денари ‘’.

Во периодот од 2018 до 2021 година е деблокирана сметката, сите побарувања кон  вработените се подмирени, последната плата со придонеси е исплатена во ноември 2021 година.

За 22 милиони денари набавени се 1 машина комбиниран ровокопач, трактор со приколка, камион за ѓубре, уште една машина заедно со Радовиш и Конче, 1500 канти и 50 контејнери. За 1,5 милиони денари поставена е фотоволтаична централа со јачина од 15 кв на пумпна станица во Таринци.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,443FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles