Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска денеска објави црвен метеоролошки аларм поради силните налети на ветер во регионот на Риека и Кварнер, а низ Горски Котар на автопатот Риека-Загреб, меѓу клучките Делнице и Чавле, можат да минуваат само автомобили. Невремето однесе еден живот, кога возач на камион кој се превртел загина кај Призна.